Целата партија СДСМ знаела дека ќе ги загубат изборните циклуси изминативе години. Пред изборите биле соочени со рејтинзите кои им беа само едноцифрени, а по изборите беа соочени со големата разлика и мораа да го признаат поразот.
Зоран Заев во снимката која се појави пред македонската јавност призна дека знаел дека СДСМ ќе излезе како губитник од минатогодишните избори. Но, и други функционери на опозицијата очекувале такви резултати, признавајќи дека СДСМ не била подготвена ниту за локалните избори во 2013.
-2013 е сосема различна приказна. Ние во 2013 влеговме, после настаните од 24 декември, целосно неспремни за избори, истакна за Телма, Андреј Петров, поранешен кандидат за градоначалник на СДСМ.
На локалните избори, Петров беше само еден од многумината кои катастрофално загубија претставувајќи го СДСМ. Партијата која создава лажна фама дека ќе дојде на власт, не успеа да освои повеќе од 4 општини на ниво на цела Македонија.
Залудни се сегашните обиди на Зоран Заев и раководството на партијата да обвинат дека причината за убедливите порази се наводни изборни нерегуларности. Тие биле свесни за поразот, а дури признаваат и дека не се подготвени да ја побараат и добијат довербата од народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.