Шалке 04 беше блиску до сензација на векот и на прагот на елиминација на Реал Мадрид, но остана покус за еден гол во фенеоменалниот реванш меч во Мадрид што заврши со победа на тимот од Гелзенкирхен со 4-3. Првиот меч заврши со победа на мадриѓаните од 2-0, што се покажа како клучно за пласман на европскиот првак во четвртфиналето.
Шалке водеше на трипати во Мадрид, со 1-0, 2-1 и 4-3, но беше неопходен уште еден гол за чудо. Хунтелар беше стрелец на два гола, по еднаш погодија Фукс и Сане, а тимот од Гелзенкирхен притисна во финишот и за петти погодок, но не успеа.
Кристијано Роналдо погоди двапати за Реал Мадрид, а еднаш беше прецизен и Бензема, што на крајот испадна клучно за „кралскиот клуб“ да се протне во следната фаза со конечен резултат од 5-4.
Порто е вториот четвртфиналист по убедливата победа од 4-0 во реваншот против Базел. Првиот меч заврпи нерешено 1-1. Брахими, Ерера, Каземиро и Абубакар беа прецизни за рутински пласман понатаму на змејовите од Порто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



