Лидерот на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, Стевче Јакимовски за време на неговото гостување во емисијата „Анализа“ на 24 Вести, посочи дека иако Зоран Заев најавуваше разоткривање на корупција преку снимените разговори, досега јавноста не слушна ништо коруптивно.
-Се што се зборуваше беше во името на корупцијата, а досега корупција јас во овие разговори не знам и не сум слушнал дека имало. Единствено што сум слушнал во овие разговори да има корупција, тоа е она што се потврдуваше дека Љубе Бошковски на два-три пати зел пари од оној којшто му ги дал, рече Јакимовски.
Тој им посочи дека од ништо не се плаши, ниту од снимките, ниту од нешто друго што тие имаат. Јакимовски вели дека победата на локалните избори е чист израз на слободната волја на граѓаните.
-Заев себеси се дава како разговара со ќерка му, а сите останати ги дава како разговараат меѓу себе. Би било многу коректно да слушнеме некој разговор кој го обавувале челници на СДСМ, Заев со некои свои партнери, за изборна кампања итн. За отприлика да слушнеме каков е нивниот однос во меѓусебните приватни разговори и тоа би било многу чесно, вели Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.