Европската унија е фокусирана на исполнување на Договорот од Минск за Украина, а не за воведување на нови санкции кон Русија, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Во исто време, таа го повтори ставот на некои од лидерите на ЕУ, дека при влошување на ситуацијата во Украина и кршење на мировниот договор Унијата е подготвена да разгледа и воведе нови санкции кон Москва поради мешање во Источна Украина.
„Њујорк тајмс“ во неделата објави интервју со претседателот на Европсклиот совет Доналд Туск, во кое тој тврди дека Европа не е подготвена да ги засили санкциите кон Русија поради тешкотиите за постигнување консензус меѓу 28 земји-членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Последните три години сакам да ги избришам од моето паметење: Трагедија во домот на познатата пејачка
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Се пофали со фотографија на која е гола, но сите забележаа нешто друго!