| четврток, 6 декември 2018 |

Последните три години сакам да ги избришам од моето паметење: Трагедија во домот на познатата пејачка

Познатата хрватска музичка ѕвезда деновиве ги живее најтешките мигови во својот живот надвор од музиката и професијата.

Имено таткото на пејачката Маја Шупут почина по тешката битка со болеста со која се мачеше во изминатите три години.

Некогашниот успешен музички менаџер Борис Шупут кој е заслужен за почетокот на кариерата на неговата ќерка, во 2003-та година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која никогаш не се опорави.

-Вчера се опростивме од мојот татко. Беше болен последниве 16 години, а последните три сакам да ги избришам од моето памтење бидејќи беа претешки. Сега конечно е слободен, конечно свој. Ако постои друг свет, сега тој договара концерти, горе би можело да биде многу весело. Мојот татко кој жареше и палеше се до кобната 2003-та година сите го знаеја, тој ја обожаваше својата работа и својот начин на живот… стои во дел од Инстаграм постот на пејачката која емотивно се прости од својот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top