| четврток, 6 декември 2018 |

Мизерен педагог, со клоци ги учи децата да играат фудбал (видео)

Рускиот тренер Валентин Павлов се најде  на столбот на срамот, апсолутно заслужено, откако по цели 8 години се појави видеоматеријал на кој јасно се гледа како ги учи децата да играат фудбал. На меч меѓу Локомотив Москва и Братејев, Павлов грубо го шутира малиот Илја Петров, по што пионерот на московјани падна на теренот како покосен.

pavlov

Видеоматеријалот го објави рускиот портал „Совспорт.ру“, со коментар дека е неверојатно што Павлов се уште е тренер по ваков мизерен чин и дека никогаш воопшто и не бил казнет за ваквиот стил на работа со малите фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top