| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџо Армани обезбедил 530 милиони литри чиста вода за пиење

P

Во 2014 година, четврта година по ред, модниот дизајнер Џорџо Армани, во соработка со фондацијата „Грин крос интернешнел“, инвестира средства во хуманитарната програма „Аква фор лајф“. За четири години проектот на дизајнерот обезбедил 530 милиони литри чиста вода за пиење, а 74 милиони литри биле собрани само минатата година. Последната година се забележува значително проширување на програмата во Шри Ланка, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал, со што бројот на земјите што го користат ова партнерство, стануваат седум.

Организирани се вкупно 162 инфраструктурни проекти, вклучувајќи бунари и системи за собирање на дождовница, сондажи и водни пумпи, кои обезбедуваат милиони литри чиста вода годишно на најсиромашните заедници.

SONY DSC

Хуманитарната кампања на Армани е лансиран во 2011 година, врз основа фактот дека водата е еден од најважните елементи на животот, но сеуште во многу делови на светот пристапот до неа е секојдневна борба.

Статистиката покажува дека 768 милиони луѓе во светот се лишени од безбеден извор на вода за пиење. Децата се најранливи групи и речиси 4.000 деца секојденевно умираат од консумирање контаминирана вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top