| четврток, 6 декември 2018 |

На 14 години има 240 кривични пријави

лисици

Српската полиција уапси малолетник (14) кој се обидел да убие Сириец во белградската населба Вождовац, а во неговото досие има дури 240 кривични пријави.

Малолетникот на 2 март нападнал државјанин од Сирија во напуштена куќа во белградската населба Вождовац  и се обидел да го убие со нож.

Кога бил приведен од полицијата, се открило дека се работи за повеќекратен крадец кој во неговото кривично досие има дури 240 пријави за разни кривични дела.

Тој, според пријавите, е познат по неговата суровост и безкрупулозност кон жртвите кои ги ограбил. Тој ги мачел жртвите сѐ додека да му ги дадат паричниците или торбите. Податоците се шокантни бидејќи тој има само 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top