Американскиот претседател Барак Обама се согласил САД да не испраќаат оружје за украинската армија,во обид да им се даде можност на дипломатиските напори, за обезбедување мирно решение за конфликтот во Украина, тврди германскиот амбасадор во Вашингтон, Петер Витинг.
Амбасадорот Витинг,во изјава за американските медиуми рекол дека согласноста за тоа била постигната, минатиот месец, за време на работната посета на германскот канцелар Ангела Меркел на САД и нејзините разговори во Белата куќа со претседателот Обама.
Во текот на разговорите,Обама ги прифатил аргументите на Меркел дека „сега е значајно да се остави простор за дејствување на политичките напори“ за украинската криза.
САД најавуваа дека ги испитуваат можностите за испраќање оружје и муниција за украинската армија во нејзиниот воен конфликт со проруските бунтовници.
Ваквите навестувања од Вашингтон требаше да значат предупредување за Русија, која САД ја обвинуваат за потикнување на конфликтот во Источна Украина. На ваквите амрикански пораки,официјална Москва реагираше со свое предупредување дека таквиот гест на САД би предизвикал „катастрофални последици“.
Официјален Берлин од почетокот се спротивстави на префрлање американско оружје за Украинците ,инсистирајќи дека тоа само ќе значи долевање гориво на огнот. Против вооружувањето на украонската армија се изјаснија и повеќето земји членки на ЕУ.
Под притисок на Полска, балтичките земји ,кои постојано зборуваат дека Русија ќе изврши „нова агресија“ во тек се маневри на НАТО во Црно Море, што руските воени сили ги надгледуваат од „пристојна одалеченост“.
Алијансата се согласи и за испраќање трупи и дополнителна воздушна одбрана на земјите членки на НАТО покрај границата со Русија, за нивно обезбедување од наводната можна руска интервенција. Најгласен застапник на тврдата политика на НАТО кон Русија е владата во Лондон, која е исклучена од политичките напори на ЕУ за мирна разврска на кризата во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.