| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос најави визна либерализација за Косово

Avramopoulos1Комесарот на ЕУ за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, денеска за време на посетата на Приштина рече дека не е далеку денот кога Косово ќе добие визна либерализација за своите граѓани.

Аврамопулос во Приштина имаше средби со претседателката Атифете Јахјага, премиерот Иса Мустафа и со министри.

На заедничка прес-конференција Аврамопулос изјави дека очекува косовските институции да продолжат со борба против корупцијата и да направат конкретни реформи за да може државата да добие визна либерализација.

Министерот за европски интеграции, Беким Чолаку, изрази надеж дека до крајот на годинава Косово ќе добие визна либерализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top