| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 100 лица избегаа од затвор на ИД во Сирија

држава

Од затвор на Исламска држава во северна Сирија избегаа 95 затвореници, меѓу кои и 30 курдски борци, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Масовното бегство се случило во градот Ал Баб, на 30 километри јужно од турската граница.

ИД контролира територии во северна Сирија и раководи со затворите и со судовите.

Меѓу избеганите затвореници има и сириски цивили и припадници на исламски баталјони, кои се спротивставуваат на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top