Шефот на Арапската лига, Набил ал Араби, побара формирање заеднички арапски воени сили за борба против ширењето на ектремистичките исламски групи.
– Постои итна потреба за формирање заеднички арапски воени сили, кои ќе можат брзо да интервенираат во борбата против тероризмот и активностите на терористичките групи – порача Араби на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапската лига во Каиро.
Тој, исто така, го истакна и значењето на соработката во областите кои се однесуваат на безбедноста и размената на информации меѓу арапските земји.
Заменик-шефот на Арапската лига, Ахмед Бен Хели, минатата недела изјави дека лидерите на овој сојуз би требало да се заложат за формирање заеднички сили на самитот на 28 и на 29 март во Шарм ел Шеик во Египет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.