– Ситуацијата во која се наоѓа државата не може да биде надмината без правна разрешница- истакна професорот Александар Климовски од Правниот факултет на вечерашната трибина на Грѓанското движење за одбрана на Македонија. Тој го повика Јавното обвинителство и судството да ги преземе сите мерки кои му стојат на располагање за овој случај со прислушувањето да добие судска разрешница.
Тој оцени дека опозицијата води нелојална политичка борба користејки недозволиви криминални дејства на малограѓански начин.
– Срамно е тоа што без пардон се влегува во приватноста на луѓето и што почнува да се навлегува и во нивната интима. Срамно е и тоа што ова се прави од страна на политичка партија и што Зоран Заев е предводник на една ваква негативна кампања, а тој беше аболиран за финансиски криминал тежок осум милиони евра. Граѓаните имаат силна колективна меморија и многу добро знаат што е добро владеење и управување со државата, што е патриотизам, а што предавство – рече Климовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комплетен водич: Како да се средите „таму долу“ пред одење на плажа
-
Климовски: После денешните случувања, доаѓањето на пратениците на СДСМ во Собранието нема никаква цел
-
Климовски: Најсоодветно решение се нови парламентарни избори
-
Климовски: Пратениците на СДСМ се виновни за случувањата во Собранието