| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се обновува делото за „рударските настани“

романија

Врховниот касациски суд во Романија денеска ја потврди одлуката на главниот обвинител за обновување на делото за настаните од 13 до 15 јуни 1990 година, кога студентските протести беа брутално задушени со помош на рудари, за што под истрага беше и поранешниот романски претседател Јон Илиеску.

Обвинителите треба да ги обноват распитите, да ги идентификуваат страните во делотоо и сведоците да се изјаснат кои според нив е виновен за жртвите на така наречените рударски настани. Се очекува да биде повикан на сослушување и тогашниот претседател Илиеску.

На 5. февруари Главното обвинителство повторно го отвори делото, кое пред шест месеци заврши без да почне кривична истрага.

Од 13 до 15 јуни 1990 година при задушување на протестите на Универзитетскиот плоштад во Букурешт загинаа околу 100 лица, а околу 1.300 биле повредени. За задушувањето на протестите беа обвинети 34 лица, меѓу кои и високи државни службеници, како поранешниот претседател Илиеску, поранешниот директор на Романската разузнавачка служба Вирџил Магурјану, поранешните министри Виктор Атанасие Станкулеску и Михај Кицак.

На 17 септември 2014 година Европскиот суд за човекови права соопшти дека Романија треба да ја продолжи истрагата за „рударските настани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top