| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Република“: Црквата мора да ги приспособи цените според состојбата (ВИДЕО)

Цените за црковните обреди се прескапи, сметаат граѓаните кои денеска одговорија на анкетата за „РепубликаТВ“ за неодамнешните поскапувања.

Граѓаните сметаат дека е во ред да постои официјален ценовник за наплата на свадби, крштевки, погреби и слично, но тој да биде приспособен на реалната економска состојба на едно просечно македонско семејство. Вакви цени, сметаат, не може секој да си дозволи.

За потсетување, на почетокот на овој месец владиците донесоа одлука верските обреди што ги извршуваат свештениците на Македонската православна црква-ОА да се поскапат за 500 до 1.000 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top