| четврток, 6 декември 2018 |

Треска го тресе Плоцк, Висла ги продаде сите билети за мечот со Вардар

Висла Плоцк ќе има голема поддршка од трибините во „Орлен арена“ на 14 март против Вардар, а домаќините веќе ги продадоа сите билети за првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите. Вистинска треска го тресе Плоцк, што се потврди и со фактот дека продажбата на билетите почна денеска од 10 часот, а заврши за 4 часа.

Висла продаваше и блок-билети за дуелот со „црвено-црните“ и за домашниот меч со Хробри Глогов на 17 март. За сите симпатизери што имаат билети за двата натпревари, домаќините најавија специјален подарок.

„Орлен арена“ има капацитет од 5.500 места и речиси секогаш е исполнета до максимум на натпреварите од Лигата на шампионите. Полјаците прават одличен амбиент, сличен на атмосферата во Скопје на натпреварите на Вардар, што ќе им биде адут на двете екипи кога ќе бидат домаќините.

Први на потег се симпатизерите на Висла на 14 март од 20.45 часот за кога е закажан почетокот на првиот меч, додека „Комити“ и сите симпатизери на Вардар ќе имаат можност да возвратат со пеколна амтосфера 7 дена подоцна. Во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра на 21 март кога околу 6 илјади луѓе ќе дишат како еден за „црвено-црните“. Реваншот ќе се игра од 20.15 часот.

visla

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top