| четврток, 6 декември 2018 |

Без Федерер и Вавринка Швајцарија нема шампионски калибар

Шампионот Швајцарија ги заврши натпреварите уште на почетокот од новиот циклус во Дејвис купот, а од тронот ги симна Белгија. Без Роџер Федерер и Станислас Вавринка, кои не играа, Швајцарците намаат шампионски калибар, што се покажа и на мечот во Лиеж. „Црвените ѓаволи“ победија со 3-2, најмногу благодарение на триумфот во двојки на Бемелманс и на Десеин. Со 3-1 белгиското дуо беше подобро од швајцарски0т тандем Босел и Ламер.

belg

Поединечно двете селекции имаа по две победи, доволно за конечен триумф на Белгијците, кои повторно ќе бидат домаќини и во четвртфиналето на Купот против Канада. Следниот ривал речиси по истиот рецепт мина понатаму, а јунак на победата на Канаѓаните против Јапонија беше Вашек Поспишил. Тој во решавачкиот сингл со 3-0 го надигра Го Соеда за пласман понатаму на Канаѓаните.

Вистински куриозитет на првата рунда е што дури седум од осумтте мечеви завршија со резултат 3-2. Само Србија во екс-југословенското дерби ја декласира Хрватска со 5-0. Само дуелот меѓу вечните ривали Аргентина и Бразил не е завршен, а резултатот е 2-2. Во последниот сингл што одлучува која селекција ќе оди понатаму Аргентинецот Делбонис води со 1-0 во сетови против Белучи. Тој дуел беше прекинат и ќе продолжи денеска попладне.

Резултати: Белгија – Швајцарија 3-2, Канада – Јапонија 3-2, Аргентина – Бразил 2-2 (ќе се доигра петтиот меч), Казахстан – Италија 3-2, Чешка – Австралија 2-3, Велика Британија – САД 3-2, Германија – Франција 2-3, Србија – Хрватска 5-0.

Двојки за четвртфинале: Велика Британија – Франција, Австралија – Казахстан, Белгија – Канада. Србија – Бразил (Аргентина).

Напомена: Ако Аргентина го победи Бразил ќе и биде домаќин на Србија во четвртфиналето. Во случај Бразил да биде победник ќе и гостува на Србија од 17 до 19 јули во четвртфинална пресметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top