| четврток, 6 декември 2018 |

Пенезиќ е избрана во категоријата „Три ѕвезди“ во ова коло од Лигата на шампионите (видео)

vardar-krim-17

 

Хрватската ракометарка во редовите ЖРК Вардар Андреа Пенезиќ е избрана во категоријата „Три ѕвезди“ што ги прогласува ЕХФ ТВ за најдобри ракометарки во изминатото коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Добрата партија што ја покажа Пенезиќ во Љубљана против Крим во натпревар во кој постигна 11 гола од 13 обиди и беше најзаслужна што вардарки до врв ја наполнија мрежата на словенечкиот преставник (47-29), беше доволна препорака за изборот на ЕХФ ТВ.
Другите две „ѕвезди“ се Кристина Неагу од Будуќност и Ана Кочетова од Динамо, тимови што се во групата 1 заедно со Вардар, што доволно говори за силата на оваа група.
Пенезиќ досега има постигнато 69 голови и се наоѓа на петтото место на листата за најдбори стрелци. На врвот е Каролина Кудлач од Лајпциг со 77 гола.

На следниот линк можете да го видите претставувањето на Пенезиќ, во прилогот на ЕХФ ТВ за трите ѕвезди на колото.

Покрај изборот на „Три ѕвезди“ ЕХФ ги избра и најдобрите пет голови и најдобрите пет одбрани.

Најдобрите пет голови:

1. Лоис Абинг – Баја Маре
2. Радмила Петровиќ – Будуќност
3. Каролина Кудлач – Лајпциг
4. Јулија Ериксон – Савехов
5. Лин Кристин Корен Ригелхут – Ларвик

Најдобрите пет одбрани:

1. Јоана Бундсен – Савехоф
2. Рике Вестергард Пулсен – Виборг
3. Лаура Глаузер – Мер
4. Оршолја Хер – Ѓер
5. Алехандра Петрукина – Крим

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top