Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, денеска во 10 часот кај Саат-кулата во Битола ќе дадат изјави за медиумите по повод промоцијата на проектот за изградба на нов храм на заштитникот на градот, свети Нектариј Битолски.
Канческа-Милевска и Талевски ќе ја посетат и локацијата на поранешното кино „Браќа Манаки“, каде што ќе дадат изјави за медиумите по повод реализацијата на проектот за реконструкција на ова кино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.