| четврток, 6 декември 2018 |

Канадски денови во Скопје

2025

Канадски денови денеска ќе се одржат во Скопје во организација на „Македонија 2025“, со поддршка на Канадската амбасада за Србија, Македонија и za Црна Гора.

На настанот ќе се обрати амбасадорот на Канада за Србија, Македонија и za Црна Гора Филип Пинингтон, а ќе присуствуваат и претставници од економскиот и образовниот сектор на Амбасадата, како и владини и универзитетски претставници и бизнисмени, кои ќе зборуваат на неколку панели на теми како регулаторни решенија за поттикнување на интеракцијата со странските пазари и македонско-канадската соработка во образованието и погледи кон иднината.

За време на вториот ден од Канадските денови, ќе бидат презентирани канадски образовни програми како и отворени повици за аплицирање за две програми на Македонија 2025 година, проектот „Лидер“ и „Студиска тура во Торонто“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top