| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА во битка со УЛЕБ, прва настрада Јадранската лига

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја почна битката со УЛЕБ и реномираната Евролига, а прва настрада Јадранската лига (АБА), во која игра македонскиот шампион МЗТ Скопје.

На состанокот на Бордот на директори на ФИБА вчера беше донесена препорака националните кошаркарски федерации да не ја признаат Јадранската лига поради неусогласеност со правилата на светската федерација.

aba-liga

Оваа одлука на ФИБА стапува во сила на крајот на сезонава, со цел клубовите од АБА-лигата да ги завршат своите натпреварувања сезонава во Евролигата и во Еврокупот. Од друга страна, ФИБА го призна второто регионално натпреварување, балканската БИБЛ-лига.

ФИБА притоа ги соопшти и причините за таквиот потег, кој експертите го коментираат како почеток на главната битка против УЛЕБ. Челниците на Јадранската лига не доставиле доволно информации во врска со неколку точки околу барањата на ФИБА Европа и ФИБА, па сето тоа довело до одлуката од следната сезона ФИБА воопшто да не го признава натпреварувањето познато како Јадранска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top