| четврток, 6 декември 2018 |

Војските на Нигер и на Чад покренаа офанзива против Боко харам

Војските на Нигер и на Чад денеска почнаа копнена и воздушна офанзива против ектремистите од групацијата Боко харам во североисточна Нигерија. Цел на офанзивата се екстремистите од северната нигериска држава Борно.

Локалните жители и хуманитарните работници изјавија дека во близина на нигерско-нигериската граница се слушаат истрели од тешка артилерија.

Офанзивата е преземена откако Боко харам вчера објави на интертнет аудиопорака, во која се заветува на лојалност кон групацијата Исламска држава, што беше реакција на воениот притисок на Нигерија и нејзините сојузници.

Лидерот на Боко харам, Абубакар Шекау, ги повика во аудиопораката муслиманите низ светот да се заветат на лојалност на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top