| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“

danica rucigaj

Наградата „Даница Ручигај” се доделува за најдобра поетска книга од писателка, членка на ДПМ. Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од 5 мај 2014 до 5 мај 2015 година. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во по четири примероци.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Одлуката за формирање на Клубот беше донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на Даница Ручигај, која животот трагично го заврши во скопскиот земјотрес, на 29 годишна возраст.

Наградата се состои од плакета и таа ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија, во почетокот на јуни 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top