Читател на порталот „Република“ до нашата редакција испрати електоронска порака во која објаснува дека жените, челнки на опозициската партија СДСМ од Охрид по партиска задача заминале во Тетово и Штип да го одбележат Денот на жената 8. Март со агитација.
„Во меѓувреме сопругите на највисокото раководство на партијата во Охрид останаа во градот, да слават во скапи и елитни ресторани, во друштво на останатите бизнисменки или сопруги на бизнисмени кои безмилосно трошат пари на прослави и дурги задоволства.
Дали овие жени кои ги испративме во Тетово и Штип да се возат по стотици километри се третата класа , додека првата, елитата од сопруги остана во Охрид да се весели со скапи софри, шампањ и француски вина?
Мојата сопруга отиде да мафта со знаменца во еден од овие два града, бидејќи јас сум обичен човек, а таа е уште пообична и мора да се оди во дурги градови, додека елитата слави во најскапите охридски ресторани“, пишува во писмото читателот од Охрид за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.