Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ ги потврди гласините за тоа дека планира да се кандидира за генерален секретар на Обединетите нации.
– Станува збор за неформална одлука на Советот за безбедност од кој дел на светот ќе биде следниот генерален секретар. Се уште не е дефинитивно одлучено дека тоа ќе биде Источна Европа, на која и ние припаѓаме, но засега изгледа дека така ќе биде. Колку што знам, ниту Руската Федерација не се противи на тоа кандидатот да биде од Источна Европа, а и тие припаѓаат на тоа подрачје, вели Пусиќ.
Одлуката би се донела на есен во 2016 година. Предлогот многу е поврзан со Советот за безбедност, кој има пет постојани членки, па првиот чекор е никој да не стави вето на нечија кандидатура. Потоа, Советот за безбедност предлага кандидат до Генералното собрание, по што следува гласање. Новиот генерален секретар ќе стапи на должност на 1 јануари 2017 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.