-Хрватска би можела да згрижи 3.200 бегалци, но таа бројка не е точна. Одлучено е тој број да биде 550, а се останато сега, без разлика на говорот кој ќе го одржи претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, е под знак прашање на ниво на државите членки- посочи хрватската шефица на дипломатијата Весна Пусиќ по првиот дел на неформалниот ЕУ состанок на министерско ниво во Луксембург.
Додаде дека Хрватска „има висок праг на разбирање кога станува збор за бегалците, заради искуството со бегалци во и од Хрватска“. Пусиќ нагласи и дека Загреб има план доколку бранот на бегалци се упати кон Хрватска. Мигрантите целат кон точно определени држави и азилантски статус не може да им се наметне.
-Има еден проблем, а тоа е дека поголемиот број бегалци и баратели на азил не сакаат да останат во други земји во ЕУ. Не сакаат во Унгарија, или Словачка, сакаат во германија, Шведска, скандинавските држави и со тоа пресметувањето и пресметките се на некој начин без „меанџијата“- наведува Пусиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)


