Министрите за надворешни работи на Хрватска и Словенија, Весна Пусиќ и Карл Ерјавец објавиле дека пронашле решение околу проблемот со Љубљанска банка, но не може да го претстават во јавноста додека биде одобрено од владите во Загреб и Љубљана.
Решението околу кое сме се согласиле има неколку различни подваријанти, рекле двајцата министри по шестчасовниот состанок на кој барале решение за прашањето за стари девизни резерви на хрватските штедачи во поранешната љубљанска банка.
“Нашата работа е да пронајдеме решение кое е политички издржливо и прифатливо за двете страни. Дојдовме до такво решение“, рекла Весна Пусиќ, истакнувајќи дека решението опфаќа ратификација на хрватскиот пристапен договор во словенечкиот парламент во кој овозможува Словенија да не биде последната членка на ЕУ која ќе го направи тоа.
Таа додала дека станува збор за решение кое нема да му наштети никому, а ќе им користи на двете страни.
Ерјавец оценил дека постои “видливо решение“ околу проблемот со Љубљанска банка која овозможува ратификација во словенечкиот парламент. “Имаме решение кое е прифатливо за двете страни. Мислам дека Словенија со тоа ќе ги реши остварените цели“, рекол Ерјавец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.