Општина Охрид и Општинската организација на Црвен крст денеска во рамки на активностите на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената на 60 самохрани мајки од градот им подарија пакет со средства за лична хигиенa.
Градоначалникот Никола Бакрачески на жените – кориснички на социјална помош им го честита 8 март со цвеќе, притоа посакувајќи им многу здравје, остварување на нивните планови и успех во кариерата.
– Целта на ваквите средби е и да се оствари директна средба на која ќе поразговараме за нивните проблеми, идеи, размислувања од сите области во кои локалната има ингеренции и се она што сите нас не засега, изјави градоначалникот Бакрачески.
Меѓународниот ден на жената градоначалникот им го честита и на жените со посебни потреби и инвалиди на трудот, а потоа имаше и средба со жените-претприемачи од Охрид што зад себе изградеиле успешна кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.