| четврток, 6 декември 2018 |

Во Театар Комедија „Како мене Пјаф“ и Фолтин

edit pjaf

Вечерва, во 20 часот во Театар Комедија ќе се изведе претставата „Како мене Пјаф“ во режија на Наташа Поплавска.

Во претставата која е продукција на Народен театар Битола и „Арт медија“ учестуваат групата „Фолтин“ и Елена Моше.

Претставата е дел од „48 часа со Наташа Поплавска“. Театар Комедија го става режисерскиот опус на Наташа Поплавска и нејзината 20-годишна професионална дејност во фокусот на вниманието. Овој настан беше одбележан со прикажување на нејзините активни претстави: „Цветната улица“ по текст на Киро Донев во продукција на Театар за деца и младинци и „Арт Медиа“; „Лисистрата“ од Аристофан во продукција на Театар Комедија и „Арт Медиа“; „Буре барут“ од Дејан Дуковски во продукција на НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп; „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ во продукција на МНТ и „Вртелешка“; и вечерва, на 8 март „Како мене Пјаф“ со групата „Фолтин“ во продукција на Народен театар Битола и„Арт Медиа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top