| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга ќе се отвори спомен-соба на Никола Незлобински

Struga

Денеска напладне во Музејот „Никола Незлобински“ во Струга ќе биде промовирана спомен-собата на Никола Незлобински.

Незлобински е познат руски хуманист и визионер чие дело нераскинливо е поврзано со Струга и со развојот на музеолошката дејност во Република Македонија.

Отворањето на постојаната музејска поставка е по повод одбележувањето на 85-годишнината од постоењето на оваа национална установа, а на свечениот чин ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top