УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска на симболичен начин го одбележаа 8 Март денот на жената и порачаа дека секој ден треба да го одбележуваме како ден на жената.
-Денеска со симобилично подарување на балони во форма на цвет кои што ги изфработивме ние како членови на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја започнуваме неделата на жената организирана од УМС каде што ќе организираме низа на активности со кои што ќе се обидеме да им оддадеме почит на понежниот пол. Како Унија на млади сили ќе продолжиме и во иднина да организираме вакви настани бидејќи жената не само што е столб на секое семејство туку е столб и на општетсвото во кое живееме, истакна Владимир Нелоски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе организра низа дополнителни активности со цел да се потенцира значењето на жената во оштеството.
Ќе организираме панел дискусии за важноста на жените во оштеството, ќе посадиме цвеќиња во „Аеродром“ по повод денот на жената и се разбира на крајот ќе организираме обука за жени членки на ВМРО-ДПМНЕ, но и за сите неопределени жени кои што ќе сакаат да се пријават на оваа обука, посочи Нелоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.