Ратка Котева е среќна и сакана сопруга. Нејзиниот сопруг, кој е 33. милионер на Државната видеолотарија на Македонија е романтичен играч кој радоста од добивката не само што ја подели со својата партнерка, тука целата добивка и ја подари за 8-ми Март. Двајцата во друштво на близок пријател пристигнаа во просториите на ДВЛМ, точно на Осми март, се уште збунети од среќниот момент, па со нас ја споделија својата убава животна приказна, велат од Лотарија.
Романтичниот сопруг е редовен играч на видеолотариските терминали. Досега имал по некоја помала добивка. На оваа особено и се радуваше, токму поради фактот што ќе биде убаво изненадување за неговата сопруга, токму на денот на жените. Фантастичната добивка, најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, сега во износ од 1.629.424 денари, освоена е во Спортлајф Трејд во село Василево, близу Струмица на 07.03.17 во 17:10.
Пред една недела, во Прилеп играчот Д.Д. ја освои добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредна 1.775. 691 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали на ДВЛМ во Спортлаиф Трејд во Прилеп на 01.03.2017.
Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 33 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 49.197.081 денари. Покрај нив, освоени се и 4454Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 33.380.401 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.