
Проституцијата и не е толку незаконска во Франција, но поголемиот дел од активностите поврзани со најстариот занает на светот, како „собирање“ муштерии од јавни места и бордели, е незаконска, пишува „Економист“. Законот досега служеше да ги изолира работниците наместо да ја разбие мрежата на проституција. Но, законот не успеа да го направи тоа и постигна само спротивен ефект.
Повеќе од 250 луѓе се собраа на демонстрации викендов во Париз за да побараат законот да се укине. Унијата на сексуални работници (СТРАС) тврди дека постојната легислатива забележала зголемен број насилства и намалување на приходите. Предлогот за укинување на законот, најверојатно, ќе помине во Сенатот, а за него ќе се расправа на 28 март. Претседателот Франсоа Оланд и министерката за правата на жените Најат Валод-Белкацем веќе го поддржаа овој предлог.
Националниот парламент се обиде да ја забрани проституцијата во 2011 година, но безуспешно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


