| четврток, 6 декември 2018 |

Ме­ѓу­на­род­ни­от ден на же­на­та – Пот­це­ну­ва­ат, а не зна­ат што мо­же же­на­та да по­не­се на пле­ќи 

Ка­ран­фил и ка­фе­а­на, на тоа е све­ден де­нот кој тре­ба да нѐ по­тсе­ти де­ка не­ко­гаш сме не­ма­ле ни­што, но не зна­чи де­ка се­га има­ме сѐ. Не се по­треб­ни из­ве­штаи за со­стој­ба­та на ма­ке­дон­ска­та же­на во оп­штес­тво­то ко­га ра­бо­ти­те се очиг­лед­ни

Же­ни­те во ми­на­то­то се из­бо­ри­ле за ос­нов­ни­те пра­ва, а де­нес тоа зна­чи са­мо де­ка об­вр­ски­те око­лу до­мот и се­мејс­тво­то оста­ну­ва­ат исти, са­мо на нив се до­да­ва и ка­ри­е­ра­та, нај­че­сто се­ко­гаш по­мал­ку пла­те­на од ра­бо­та­та на ма­жот.

kristina arnaudova

За пе­јач­ка­та Кри­сти­на Ар­на­у­до­ва бор­ба­та за пра­ва за же­ни­те е иск­лу­чи­тел­но важ­на и овој ден има огром­но исто­ри­ско зна­че­ње, иа­ко, ве­ли, има впе­ча­ток де­ка има со­се­ма по­греш­на ин­тер­пре­та­ци­ја.

– Де­нес ма­жи­те и же­ни­те се рам­но­прав­ни, но су­штин­ски не се. Би­деј­ќи же­ни­те ги има­ат до­би­е­но пра­ва­та, но, исто та­ка, тие мо­ра да ра­бо­тат мно­гу по­ве­ќе од ма­жи­те ако зе­ме­ме пред­вид де­ка во нас­ледс­тво, а и ге­нет­ски, ни е пре­до­дре­де­но и оста­на­то вос­пи­ту­ва­ње­то на де­ца­та. Ра­ѓа­ње де­ца, одр­жу­ва­ње на до­мот, а же­на­та е и столб на фа­ми­ли­ја­та. Ма­жи­те се тру­дат да го ба­на­ли­зи­ра­ат тоа, но еве про­бај­те да им ги на­мет­не­те исти­те об­вр­ски са­мо на се­дум де­на, плус нив­на­та ра­бо­та (не­што што же­ни­те се­којд­нев­но го пра­ват ка­ко и тие), ве­ру­вај­те де­ка не­ма да из­др­жат. Мис­лам де­ка ни­ко­гаш не­ма да би­де иста функ­ци­ја­та на ма­жи­те и на же­ни­те во оп­штес­тво­то  по­ра­ди тоа што же­ни­те се­ко­гаш мно­гу по­ве­ќе при­до­не­су­ва­ат во оп­штес­тво­то – сме­та пе­јач­ка­та Кри­сти­на Ар­на­у­до­ва.

Спо­ред неа, же­ни­те се ро­де­ни, ге­нет­ски пре­до­дре­де­ни, да би­дат мно­гу по­е­фи­кас­ни, по­ор­га­ни­зи­ра­ни, да мо­жат да ра­бо­тат не­кол­ку ра­бо­ти во исто вре­ме и да би­дат ус­пеш­ни во тоа.

–          Тоа се про­сто би­о­ло­шки пре­до­дре­де­ни не­шта. И ка­ко же­на, гор­да сум на тоа. Де­неш­на­та же­на има на се­бе го­лем то­вар, ѝ се пок­ло­ну­вам на се­ко­ја ко­ја ус­пе­ва да се но­си со тоа и да би­де ус­пеш­на на си­те по­ли­ња – ве­ли таа.

Vesna-Petrusevska-740x320-top

За актер­ка­та Вес­на Пе­тру­шев­ска за да би­деш ви­стин­ска же­на во ова оп­штес­тво, тре­ба да си три па­ти по­ве­ќе од си­те оста­на­ти, да се бо­риш на фронт се­којд­нев­но и да зна­еш ка­ко да ги сов­ла­даш пре­диз­ви­ци­те.

–          Во­оп­што не е лес­но да си же­на во на­ша­ва зем­ја ко­га гле­даш ка­ко се­којд­нев­но те еса­пат со до­за пот­це­ну­ва­ње, а ку­три­те тие не зна­ат де­ка ед­на мај­ка мо­же да го из­не­се на сво­и­те пле­ќи це­ли­от то­вар на овој свет – ве­ли Пе­тру­шев­ска.

Ос­ми март е мно­гу по­ве­ќе од  Ден на же­на­та  за Пе­тру­шев­ска.

–          Тоа е ден ко­га мно­гу­ми­на од ма­жи­те го прават три­ви­ја­лен мо­мен­тот , а же­ни­те се сог­ла­су­ва­ат со тоа – ве­ли таа.

 

Што зна­чи за вас лич­но Ос­ми март?

Ар­на­у­до­ва:  Мож­но­ста да из­бе­ре­ме што са­ка­ме да пра­ви­ме со се­бе. Не­што кое сме го не­ма­ле, кол­ку и да зву­чи ба­нал­но.

Пе­тру­шев­ска: Праз­ни­кот на же­на­та, ба­рем во мо­јот свет, е два де­на пред мо­јот ро­ден­ден, ден на кој се ра­ду­вам де­ка са­кам да ѝ ку­пам не­што на ма­ма, ден ко­га но­стал­гич­но се по­тсе­ту­вам на мо­ја­та учи­тел­ка и на ми­риз­ли­ви­те јор­го­ва­ни кои ѝ ги но­сев.

Ми­ја­та: Искре­но, до ско­ро не обр­ну­вав мно­гу вни­ма­ние на овој праз­ник. Јас бев таа што тре­ба­ше да ку­пи по­да­ро­ци за по­ста­ри­те же­ни во мо­јот жи­вот. Ла­ни тоа се сме­ни. Прв­пат син ми, за­ед­но со та­тко му, во гра­дин­ка ми на­пра­ви че­сти­тка за Ос­ми март. По­у­бав по­да­рок не сум до­би­ла. Це­ла го­ди­на че­сти­тка­та е за­ка­че­на на фри­жи­де­рот и ме грее ре­че­ни­ца­та „Ма­мо, ти си на­ше­то сон­це“. Чув­ство­то е бес­це­не­то.

Спо­ред Ара­ну­до­ва, го­лем дел од же­ни­те ги зе­ма­ат здра­во за го­то­во пра­ва­та за кои не­кој се из­бо­рил, ба­нал­ни пра­ва, ка­ко пра­во на глас, или пра­во на го­вор, или пра­во да би­дат вра­бо­те­ни ка­ко ма­шки­от пол, или пра­во да се во­зат са­ми во авто­бус, кои ако фе­ми­ни­стич­ка ре­во­лу­ци­ја не се слу­че­ла, же­ни­те не­ма­ло да ги има­ат.

–          Прос­ла­ва­та на овој ден ме­сто да е на ули­ца, ка­де што, ка­ко и на­ши­те пред­ци, сим­бо­лич­но ќе го прос­ла­ви­ме де­нот ко­га сме до­би­ле та­кви су­штин­ски пра­ва, ние оди­ме во ка­фе­а­ни, и тоа ни е врв на за­ба­ва­та и прос­ла­ва­та, при­тоа не спо­ме­ну­вај­ќи ни еден од су­штин­ски­те фа­кти зо­што сла­ви­ме. Да би­де по­тра­гич­но, по­ве­ќе­то од тие же­ни во­оп­што не ги ко­ри­стат пра­ва­та што ги има­ат, па тоа из­ле­гу­ва­ње во ка­фе­а­на им е, мо­же­би, единс­тве­но во го­ди­на­та, што е во нај­ма­ла ра­ка, раз­о­ча­ру­вач­ки – сме­та Ар­на­у­до­ва.

Во све­тот на му­зи­ка­та, ве­ли Ар­на­у­до­ва, хо­но­ра­рот не за­ви­си од по­лот, ту­ку од ква­ли­те­тот на пес­на­та. Но, што се слу­чу­ва во оста­на­ти­те про­фе­сии?

mijata 02

Ка­ко пе­јач­ка Ми­ја­та се сог­ла­су­ва со сво­ја­та ко­ле­шка. Ка­ко кон­тро­лор на ле­то­ви, пак, ра­бо­ти­те се вред­ну­ва­ат по­и­на­ку.

–          Во мо­јот про­фе­си­о­на­лен жи­вот има ед­на­квост од ас­пект на хо­но­рар, што по­тек­ну­ва од фа­ктот де­ка ко­га ќе сед­не­ме да ра­бо­ти­ме на фре­квен­ци­ја, не­ма раз­ли­ка да­ли маж или же­на го ра­бо­ти со­о­бра­ќа­јот. Но, ме­ди­цин­ски­от пра­вил­ник за кон­тро­лор на ле­та­ње не­ма пред­ви­де­но по­ро­дил­но отсус­тво, што зна­чи де­ка не сме­ам да имам по­го­ле­ма па­у­за од 60 де­на на фре­квен­ци­ја. Ту­ка ве­ќе не­ма ни „е“ од ед­на­квост  – ве­ли Ми­ја­та.

Во мо­но­дра­ма­та „Пос­лед­на шан­са“, Пе­тру­шев­ска  оди­гра и еден ма­шки лик, Ге­ле. Ка­ко што ве­ли, про­сто да ви­ди ка­ко е од дру­га­та стра­на.

–          Ве­ру­вај­те, по­лес­но им е. За ед­на­квост се бо­рам се­кој ден, се­кое утро ко­га ги ис­пра­ќам де­ца­та на учи­ли­ште, се­кој ден ко­га ќе по­мис­лам де­ка ра­бо­там три ра­бо­ти и по­втор­но не мо­жам да за­ра­бо­там ка­ко еден про­се­чен ме­на­џер, ка­ко по­сто­ја­но ка­ко мај­ка ко­ја са­ма се гри­жи за сво­и­те де­ца упор­но им об­јас­ну­вам де­ка мо­ра да се бо­рат за се­бе и за сво­јот иден­ти­тет и де­ка по­сто­јат не­прав­ди – ве­ли Пе­тру­шев­ска.

 

 

Не­о­дам­на, го­во­рот за ед­на­кво­ста на по­ло­ви­те на ам­ба­са­дор на до­бра вол­ја на Обе­ди­не­ти на­ции, актер­ка­та Ема Во­тсон, по­втор­но го отво­ри пра­ша­ње­то за пра­ва­та на же­ни­те и за не­прав­ди­те со кои се со­о­чу­ва­ат ду­ри и во 21 век. Во дел од неј­зи­ни­от го­вор таа истак­ну­ва:

  • Ни ед­на зем­ја во све­тот не мо­же да се по­фа­ли де­ка до­стиг­на­ла ро­до­ва ед­на­квост.  Овие пра­ва ги сме­там за чо­ве­ко­ви пра­ва, но јас сум ед­на од среќ­ни­ци­те.

  • И ма­жи­те и же­ни­те тре­ба да сме­ат да би­дат чув­стви­тел­ни. Оба­та тре­ба да сме­ат да би­дат сил­ни…Вре­ме е да гле­да­ме на по­ло­ви­те ка­ко на спе­ктар на­ме­сто ка­ко на спро­тив­ста­ве­ни иде­а­ли.

  • Ако пре­ста­не­ме да се де­фи­ни­ра­ме ме­ѓу­себ­но ка­ко она што не сме на­ме­сто ка­ко она што сме – си­те ќе би­де­ме. За сло­бо­да­та се ра­бо­ти.

(Разговараше: Марина Костовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top