Најдобриот тим во НБА лигата загуби од најлошиот.
Атланта синоќа по убедливата победа над директниот конкурент за првото место во источната конференција Кливленд, му гостуваше на тимот на Филаделфија кој е најлошиот тим во лигата.
Тренерот Мајк Буденхолцер се одлучи на овој натпревар да одмори дури три играчи од првата петорка вклучувајќи го и Перо Антиќ. Без Демар Керол, Кајл Корвер и Пол Милсап и Перо Антиќ Атланта сосема заслужено беше поразена со 92-84. Тиг и Шродер беа најрасположени кај Јастребите со 17 односно 16 поени. Во победничкиот состав се истакнаа Томсон и Муте со 19 коша.
НБА Резултати:
Њу Орлеанс – Мемфис 95-89, Кливленд – Феникс 89-79, Мајами – Сакраменто 114-109, Њујорк – Индијана 86-92, Филаделфија – Атланта 92-84, Минесота – Портланд 121-113, Милвоки – Вашингтон 91-85, Денвер – Хјустон 100-114
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



