| четврток, 6 декември 2018 |

„Билд“: Меркел и Штајнмаер би можеле да се кандидираат за претседател на Германија

merkellel

Можно е германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер да бидат кандидати за шеф на државата во 2017 година, пишува весникот „Билд“.

stajnmaer

Тоа може да се случи единствено ако сегашниот претседател на Германија, Јоахим Гаук одлучи да не се кандидира за втор мандат. Досега Гаук не изјавил такви планови по ова прашање, што им дава простор на германските медиуми да шпекулираат.

Гаук е претседател од март 2012 година. Тој беше избран на оваа функција со 991 глас од вкупно 1.228 членови на Федералното собрание по оставката на својот претходник Кристијан Вулф.

Според локалните експерти, Гаук и во 2017 година би освоил мнозинство од гласовите во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top