Екипата на Астон Вила е првиот полуфиналист на ФА купот откако синоќа во четвртфиналето го победи градскиот ривал ВБА со 2:0.
Стрелци на головите беа Фабијан Делф во 51.минута и Скот Синклер во 85.минута. Ова е втора победа за Астон Вила во шест дена против ВБА, откако претходно на домашен терен го победија и во натпревар од Премиер лигата. Триумфот на теренот го прославија и околу 10.000 навивачи.
На вториот натпревар одигран вчера Бредфорд и Ридинг одиграа без голови 0:0, па ќе играат повторен дуел на 16.март.
Денеска од 17 часот играат Ливерпул и Блекбурн, а утре е дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.