| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Тери за да не ги навреди навивачите на Челси, ќе игра во Чемпионшип

Долгогодишниот фудбалер на Челси, Џон Тери, и дефинитивно го напушти „Стемфорд бриџ“ и потпиша договор со Астон Вила, клубот кој настапува во Чемпионшип дивизијата. Оваа вест ја потврди и претседателот на Астон Вила, Тони Сја. Тери во наредната сезона ќе го носи дресот на клубот од Бирмингем.

Џон Тери го напушти Челси по 22 години, со овој клуб освои 16 трофеи и постигна вкупно 66 гола на 713 натпревари. Со лондонските „сини“ освои четири титули во Премиер – лигата, стана првиот капитен кој го подигна пехарот во Лигата на шампионите. Тој не сакаше да ја напушти Англија, но не сакаше ниту да игра против Челси во Премиер лигата, па затоа се одлучи да потпише за Астон Вила и ќе заработува по 3,5 милиону фунти по сезона. Тери се очекува да биде големо засилување за овој тим во обидот за враќање во елитата во Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top