Полските спасувачки екипи се обидуваат да ги спасат 19-те рудари што синоќа останаа заробени во рударските јами на рудниот „Рудна“ по земјотресот што го погоди југозападниот дел на Полска.
– Сите рудари се живи. Спасувачките екипи ископаа тунел за да пристапат до нив, а од утрово се извлекуваат на површина – изјави за „Ројтерс“ Дариус Виборски, портпарол на компанијата КГХМ која управува со рудникот.
Каква е нивната здравствена состојба сѐ уште не е познато. Рудникот се урнал по земјотресот што го погодил регионот Шлезије во близина на границата со Германија и Чешка, синоќа во 22.09 часот по локално време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
СДСМ од Иловица и Штука со директни пораки кон Заев: Премиерот да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не!
-
Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа во Полска
-
Во Полска падна авион Миг-29, пилотот загинал иако успеал да се катапултира