| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство на пејачката Џос Стон

joss-stone

Двајца мажи се обиделе во јуни 2011 година да ја убијата младата пејачка Џос Стон во нејзината куќа. Таа за тоа дознала кога опасноста веќе поминала.
Џос Стон се појави во судот како сведок во случајот во кој двајца мажи се обвинети за обид за убиство на пејачката ѕвезда. Дваесет и петгодишната Џос Стон пред поротата изјавила дека станала свесна за опасноста дури кога на врата ѝ заѕвониле полицајци.
Кевин Ливерпул и Џуниор Бредшоу се уапсени под сомнение дека се обиделе да ја убијат пејачката во јуни 2011 година. Двајцата се фатени неколку километри од нејзината куќа во Девон. Со себе носеле цел арсенал оружје, а во багажникот на нивниот  автомобил е пронајдена и самурајска катана.
Двајцата обвинети долго време ја следеле пејачката, а меѓу доказниот материјал се наоѓа и видеоприлогот за нејзиниот дом, како и низа со рака напишани пораки на кои ги пишува зборовите „убиство“, „Jocelyn RIP“, „декапитација“, но и совет како „…пронајди река во која мртва ќе ја фрлиме“.
За време на апсењето двајцата потенцијални убијци на Џос Стон, ниту најмалку не сомневајќи се, се наоѓале дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top