| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетдневен притвор за момчето од Градско

По кривичната пријава за убиство, на седумнаесетгодишниот О.М. од Градско му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Од велешкиот суд велат дека притворот е по барање на јавното обвинителство за да се спречи влијание врз сведоците.

Семјната трагедија во Градско се случи синоќа околу 21 во семејниот дом на Мусови. Според првичните информации, момчето ја зело ловнат пушка која припаѓала на неговиот татко, што ја поседувал со дозвола, при што во еден момент од невнимание испукал еден патрон. Куршумот завршил во вратот на неговата мајка Ѓулизера М. (52) која починала на лице место.

Во моментот таткото бил отсутен, а О.М. бил во друштво на двајца негови другари.

Јавен обвинител изврши увид на местото, а обвинителство ќе ги истражува причините и мотивот за несреќата. Телотот на мајката е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top