Видеото кое осамна на „Јутјуб“ ја прикажува порноактерката позната под името Аурита, додека ги посетува пирамидите кои таа ги оценува како „досадни“ и одлучува малку да се забавува. Најпрво пред камерата ги покажува градите, а потоа таа забава кулминира во секс измеѓу Аурита и нејзиниот пријател, засега непознат порноактер, пренесува „Дејли мејл“.
Случката предизвиката хаос во египетските власти, а министерот за историски споменици Мамдух ал-Дамати потврдил дека е подигната истрага. Експертите апелираат кон одговорните да го спречат ширењето на видеото, затоа што „филмот го нарушува угледот на Египет“.
– Надзорните камери не се доволни за осигурување на толку важни историски локации. Потребни се чувари кои би спречиле вакви инциденти кои и` штетат на египетската култура. Ако се потврди дека видеото е снимено покрај пирамиди и одговорниот министер и одговорните работници од осигурувањето треба да поднесат оставки – рекол египтологот Басам ал-Шама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



