| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс Харден не попушта, нов трипл-дабл во победата над Детроит (видео)

dzejms harden

Џејмс Харден продолжува со фантастичните игри оваа сезона во тимот на Хјустон и е еден од најсериозните кандидати за освојување на МВП наградата во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
Тој ноќеска беше најзаслужен за новата победа на Хјустон над Детроиот од 103-93 остварувајќи втор трипл-дабл оваа сезона со 38 поени и по 12 скока и асистенции. Харден е само вториот играч во историјата на Хјустон на кој ова му пошло од рака да оствари трипл-дабл со преку 30 поени на натпревар покрај легендата Хаким Олајџувон.

Лидерот на западната конференција Голден Стеј Вориорс лесно и убедливо го победи Далас со 104-89. Клучот за победата е првото полувреме кога домаќините остварија предност од 12 поени разлика која успешно ја сочуваат до крајот на мечот.
Иако имаше лоша вечер Стеф Кари се искачи до бројката од 22 коша, а Дејмонд Грин и Клеј Томпсон постигнаа по 18 односно 16 поени. Кај Далас, најмногу се истакнаа Дирк Новицки и Ражон Рондо со по 14 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top