Во Народниот театар во Гевгелија, вечерва ќе гостува Велешкиот театар “Џинот” со претставата “Ноќите во бел сатен”. Автор на ова најново театарско остварување на Велешкиот театар е Братислав Димитров, арежисер Ненад Витанов.
Во оваа комедија настапуваат актерите Васил Зафирчев, Маја Љутков, Јордан Витанов и Зоран Љутков. Според авторот, Братислав Димитров “Ноќите во бел сатен” е пиеса за осаменоста и паничната потрага од љубов.
Костимите во претставата се на Александра Крнинова, а сценографијата Филип Коруновски. Претставата започнува во 20 часот, а билетите чинат по 50 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ ја подготвува „Галеб“ во режија на Нина Николиќ
-
Претставата „Три прави, три опачни“ на сцената на Велешкиот театар
-
Забавен викенд во Зоолошка градина: Претставата „Принцот жаба“ в недела напладне
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ