Во дерби дуелот од источната конференција во НБА лигата лидерот Атланта го победи Кливленд со 106-97.
Екипата на Перо Антиќ не застанува со одличните игри и повторно ноќеска дојде до победата над еден од тимовите кои се најсериозни кандидати за освојување на првото место.
Тимската игра на Атланта е таа што ги носи успесите низ целата оваа сезона. Сите играчи го даваат максимумот и се важна алка во тимот. Ноќеска Ал Хорфорд беше лидерот во својот тим со 19 поени, додека Џеф Тиг и Пол Милсап додадоа по 16, а Денис Шродер беше стрелец на 15 коша.
Перо Антиќ одигра епизодна улога поминувајќи на паркетот само седум минути. За тоа време успеа да упати само еден удар за три поени и не се запиша во листата на стрелците.
Кај Кливленд Леброн Џејмс иако имаше лоша вечер постигна 18 поени со катастрофален шут од поле, пет погодени од 13 обиди. Кајри Ирвинг беше лидер во својот тим со 20 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



