Рајко Дујмиќ, долгогодишен автор на песните на „Нови фосили“ кој пред неколку недели беше исфрлен од бендот изјави дека вокалистката Сања Долежал го обвинила за смртта на нејзиниот сопруг, тапанарот на групата Ненад Шариќ.
Дујмиќ тврди дека Сања во разговорот за „Кафе 24“ го обвинила за смртта на сопругот бидејќи видела дека постот на нејзината ќерка на „Фејсбук“ го коментирала неговата сопруга. Тој се однесувал на концертот на „Нови фосили во Белград на кој Рајко не настапи.
Леа Шариќ напишала дека е горда на концертот и дека татко и сигурно ги гледа од неботот и се радува. Снежана, сопругата на Рајко и забележала дека не ги споменала останатите членови на бендот, меѓу нив и Рајко. Додала уште и дека Ненад, доколку бил сеуште жив сигурно не би дозволил Рајко да не учествува на завршната турнеја.
– Сања тогаш во инбокс одговори дека Нено умрел поради мене. Не ми дозволи ни сочуство да и изразам. На Зец 9гитаристот на бендот) му рекла да не доаѓам, раскажува Рајко.
Дујмиќ заклучува дека „Нови фосили“ се завршена приказна и дека воопшто не чувствува желба за освета ниту сака да се пресмета со Сања Долежал.
– Не сум таков човек. Ме боли нечесноста. Ако сакав некому да му се осветам би го направил тоа порано. Имаше можност.
Сања Долежал не сакаше да ги коментира приказните на Рајко Дујмиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.