| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш беше најпознат музичар, а сега го знаат како семеен насилник

рајко
Рајко Дујмиќ, некогашиот фронтмен на групата Нови фосили минатата година ја претепа својата сопруга Снежана и сега е осуден на шест месеци условно, со тоа што две години не смее да го повтори делото.
 Дујмиќ поднел приговор и судска постапка ќе се поведе  ако и судскиот совет ја потврди одлуката на судот.
Обвинителството го терети поради нанесување полесни телесни повреди, бидејќи Снежана од нападот имала оток над окото и подлив на подлактицата.
Музичарот после нападот бил во затвор 30 дена. Снежана не сакала да го гони сопругот, но обвинителството по службена должност покренало постапка.
Рајко сега е на задолжително лечење на Раб и тоа по пресуда на судот за прекршоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top