| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш беа пријатели, а денес не се поздравуваат

Членовите на некогаш многу популарниот хрватски бенд „Нови фосили“ некогаш беа најдобри пријатели, а денес не се поздравуваат. Денеска пред клубот „Салун“ во Загреб беше откриена спомен плочата во чест на нивниот мегахит „За добра стара времена“ кој се родил зад шанкот на оваа култна дискотека.

Но на откривањето на плочата на една страна стоеа Сања Долежал, Владимир Кочиш Зез и Маринко Колнаго, а од другата беше Рајко Дујмиќ.

saloon_fosili12-11016

Ситуацијата се обиде да ја „извади“ сопственикот на дискотеката, кој застана меѓу нив кога требаше да се фотографираат сите.

„Нови фосили“ бурно се растурија пред две години кога требаше да одржат турнеја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top