| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз на Металург во СЕХА лигата

Борац Бањалука го победи македонскиот првак Металург во меч од СЕХА лигата со 27-21, што е единаесетти пораз за тимот од Скопје. Претходно металурзите загубија и на гостувањето во Хрватска кај Нексе и со 15 бода се на седмата позиција во конкуренција на 10 екипи.

Екипата од Бањалука диктираше темпо од стартот на мечот, а најголема предност за домаќините беа пет погодоци со кои и се замина на одмор на полувреметио (14-9).

Sport-komentar114-metalurg-740x320-top

Новиот состав на Металург се обиде да се спротивстави, но немаше решенија за расположените ракометари на Борац, по што е претрпен уште еден пораз во низа во СЕХА лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top