Лидерот на опозицијата Зоран Заев на денешната прес-конференција создава слика дека наводно постоеле нерегуларности и дека некој ги украл изборите. Но, веднасш по изборите тој во емисијата „Вин Вин“ која ја води новинаркта Оливера Трајковска призна дека и да не биле слабостите за кои тој обвинува, изборите сепак ќе ги добиеше ВМРО-ДПМНЕ.
Значи денеска Заев да зборува за нерегуларности, а тогаш самиот призна дека неговата парија секако ќе ги изгубела предвремените парламентарни избори, меѓутоа како што рече, разликата ќе била помала, односно дека според него, СДСМ ќе освоела 20-30 илјади гласа помалку од ВМРО-ДПМНЕ.
– Четиристотини илјади на 420-430 за Груевски и владејачката партија. Тоа е вистинскиот резултат, тоа го кажувам многу често, не победа, заради тоа што имаме свои слабости, изјави лидерот на СДСМ во емисијата „Вин Вин“.
Заев најверојатно додека е фокусиран на обвинувања, заборава дека и изборите во 2011-та и оние во 2013-та тој и неговата партија ги признаа поразите и ја признаа волјата на мнозинството граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.